Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 653 000

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 653 000, во железничкиот превоз 182 000, во градско-приградскиот превоз 19 977 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 207 751.

Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 15.8%, во воздухопловниот превоз е зголемено за 38.5%, додека во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 0.9%.