Третиот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал го одбележа настапот на младите аматерски актери од театарската група при средното училиште ЕМУЦ, кои имаа прекрасна изведба со претставата „Вртимушка“.
Последниот ден од фестивалот е резервиран за настап на театарската група од Црвен крст Кичево, средните училишта Мирко Милески и Дрита од Кичево која ќе настапи денес во 17:00 часот со претставата „Изгубениот сон“, а затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на театарската група од ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија, Охрид во 20:00 часот со претставата „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“. Претставите се играат на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“.