Урнебесното шоу „2 MOTHERS BROTHERS“ во понеделник хуманитарно пред охриѓани

Популарното „2 MOTHERS BROTHERS“ – кабаре шоу на двајцата охридски актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски во понеделник, во Центарот за култура „Григор Прличев“,  со почеток во 20 часот, хуманитарно ќе се игра пред охридската публика.

Уживајте во незаборавна забава по промотивна цена од 100 денари,  а со тоа донирате за лекување на едно болно дете од Охрид.

Станува збор за авторски проект кој што содржи 1 45 ч.  интензивно комичен материјал, вежби за стомачни  мускули. Урнебесно, лудо, заразно, чат пат безобразно. 105 минути квалитетен хумор кој се базира на музички преработки и авторски комични песни, стендап комедија, скеч комедија, импровизација и по некој заѕвонат мобилен на сред претстава.

КОЈ ГЛЕДАЛ ЗНАЕ, КОЈ НЕ СЕГА Е ШАНСАТА!

Карти веќе  се продаваат во ЦК „Григор Прличев“ и кафулињата „Милениум“, „Стилс“, „Објектив“, „Аквариус“ и „Куба Либре“.

Карти ќе може да се купат и во недела на Градскиот плоштад на големиот хуманитарен хепенинг,  што го организираат охридските новинари и Црвениот крст.

Под мотото „Заедно за еден детски живот“, во недела точно на пладне сите заедно да ја покажеме нашата хуманост со тоа што ќе бидеме дел од  хуманитарниот  настан. Собраните средства  ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид,  кое боледува од многу тешка болест . 

Песна, игра, музика, балет, театар  за една бесценета детска насмевка…

Донирајте веднаш од вашиот мобилен телефон на сите оператори:

ONE  – 075  143 113

VIP  – 077 143 155

Т MOB  070 143 105

Или на следнава жиро сметка 

530500017615254 Охридска Банка