Светски ден за борба против пушење

Зголемете ги даноците, намалете ги смртните случаи и болестите, e мотото со кое годинава се одбележува Светскиот ден за борба против пушењето.

По тој повод Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Инстутутот за социјална медицина и Медицинскиот факултет во Скопје, организираат стручен состанок. Воедно ќе бидат презентирани резултати од Студијата за употребата на тутунот и тутунските прозводи кај здравствените работници во Македонија.
 
Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против пушењето се најавени и информативни предавања за негативните ефекти врз човековото здравје, што ќе се одржат во 18 основни и средни училишта во Гостивар, во организација на одделението за здравство на Младинскиот совет во општината.
 
Извор: МИА