Ученичката Ана Латковска од ОУ „Живко Чинго“ од село Велгошти, учествуваше на ликовниот конкурс кој беше објавен од страна на детскиот ликовен центар од Скопје на тема : „13-ти Ноември”, по повод одбележувањето на ослободувањето на градот Скопје.
За своето учество со ликовна творба под менторство на наставникот по ликовно образование Љубен Цветкоски, ученичката беше наградена со прво место.