Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2013 година, во Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 123 радиодифузери од кои 64 емитуваат радиопрограма, а 59 телевизиска програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 60 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.
Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37 462 часа, од кои најголем дел или 64.6% се музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма, емитувале вкупно 435 418 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 60.1% се, исто така, музичка програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 58 се трговски радиодифузни друштва.
Јавното радиодифузно претпријатија кое емитувало телевизиска програма, емитувало вкупно 20 280 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 15.4% се играна програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма, емитувале вкупно 444 288 часа телевизиска програма од која најголем дел или 27.7% се играна програма.