Вкупна потрошувачка по видови енергенти во март

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 760 514 МWh електрична енергија, 12.372 мил. nm3 природен гас, 754 284 тони јаглен и 67 404 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 67,2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.