Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати поскапуваат од 1 до 1,5 денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Еуросупер од  95 октани се зголемува за 1,5 денари и ќе чини 80,50 денари за литар, Еуросупер од 98 октани ќе се продава по 82 денари за литар. Еуродизелот поскапува за 0,5 денари и од полноќ новата цена ќе чини 68 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука и за зголемување на цената на екстра лесното масло за домаќинство и тоа за еден денар и ќе изнесува 57 денари за литар.