Шишкоски со нов државен рекорд

На Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа вчера на стрелиштето во поранешната касарна Стив Наумов во Битола, стрелците од Стрелачкиот клуб Охрид, се закитија со 5 медаљи-две залатни, една сребрена и две бронзени.

Најголем успех постигна Михаил Шишкоски кој со резултат од 603,7 го собори досегашниот рекорд на Македонија и со тоа стана старо-нов државен првак и рекордер во дисциплината воздушна пушка-сениори. На четвртата позиција во истата конкуренција се пласира Горан Здравески со резултат од 561,9 кругови.

Првата позиција кај јуниорките загарантирана за Нина Балабан со резултат од 403,1 круг и со тоа таа  по петти пат стана државен првак на Македонија. Ангела Алексовска со резултат од 379,2 се пласира на третата позиција, додека пак младата јуниорка Јана Маркоска се пласира на четвртата позиција со резултат од 378 кругови.

Кај јуниорите, Мартин Гоџоски со резултат од 561,9 кругови се пласира на второто место, додека пак Васко Попоски заврши како третопласиран со резултат од 547,3 кругови.

„За жал за првпат во историјата на македонското стрелаштво немаше доделување на пехари во екипен пласман, заради недоволниот број   пријавени екипи во сите категории. Тоа зборува дека се повеќе стрелци го губат интересот за стрелаштво, поради игнорантскиот однос на челниците од македонската спортска стрелачка федерација, а уште пострашно од тоа е што никој не понесува одговорност за враќањето на стрелаштвото во Македонија за 20 години наназад.“– велат од СК Охрид.