Со средства на Локалната самоуправа и во соработка со црковниот одбор и месното население, патот до црквата Св. Никола во село Свиништа се поплочи со бехатон плочки. Поплочената површина изнесува 300 м2. Во пресрет на празникот Св. Цар Константин и Царица Елена, дворот на црквата е партерно уреден.