Во организација на Фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид, утре, среда, со почеток во 19 часот, во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт.
На концертот ќе настапат младите музички таленти: Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина. На програмата ќе бидат дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други. Влезот чини 100 ден.
Дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест, на кое му е потребна итна операција воКина која чини 35 000 евра.