Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, учествува на дводневната (02/03.06) Министерската конференција во рамки на Брдо Процес, во Брдо при Крањ, Република Словенија. На конференцијата учествуваат и делегации на министерствата за внатрешни работи на домаќинот Република Словенија, на Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора, Република Косово, како и претставници на регионални и други организации.
На Конференцијата, заменик министерот Ќамили имашe кусо обраќање во рамки на заедничката дискусија на тема – “Зацврстување на регионалната соработка и координирана помош на ЕУ од аспект на претпристапните барања, Поглавје 24“, како и на темата – “Натамошно зацврстување на соработката во борбата против тероризмот, особено намалување и справување со новите закани кон ЕУ и безбедноста и стабилноста на Западен Балкан“.
Наедно заменик министерот Ќамили на маргините од министерската конференција оствари куси неформални средба со своите колеги од емјите учеснички.