Алфа го објави дефинитивниот состав на новата Влада

Зоран Јолевски е министер за одбрана, Зоран Ставрески останува вицепремиер и министер за финансии, а Никола Попоски и натаму ќе биде на чело на министерството за надворешни работи.

Телевизија Алфа ексклузивно го објави новиот состав на македонската Влада.

Никола Тодоров останува министер за здравство, Диме Спасов и натаму ќе биде министер за труд и социјална политика, а со МЗШВ ќе раководи Михаил Цветков.

Министер за информатичко општество и администрација останува Иво Ивановски. На своите досегашни функции остануваат и Елизабета Канческа Милевска, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Владимир Пешевски.

Министри без ресор во македонската Влада ќе бидат Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумов, Висар Фида, Неждет Мустафа, Фурхан Чако.

Аднан Јашари ќе биде министер за правда, Беким Незири министер за економија, Абдулаким Адеми ќе биде министер за образование, Нурхан Незири за екологија, а Лирим Шабани за локална самоуправа.

Извор: Нет Прес