Изминативе денови зелените површини во централното градско јадро, како и новозасадените садници во бетонската жардињера на ул.„Железничка“ беа деградирани од страна на несовесни поединци.
Од ЈП „Охридки Комуналец“, информираат дека украдени се околу 60 садници од различни видови: палми , зеленики, украсни грмушки и цветни садници. Настрада и новоуреденото катче пред поранешното „ПТТ“ одморалиште кое беше уредено во рамките на проектот на локалната самоуправа за формирање на нови 40 цветни катчиња.
Украдени се садници од паркот пред рибниот ресторан
и од бетонската жардињера на ул. „Железничка“
За разрешување на проблемот од ЈП „Охридски Комуналец“ ќе побараат асистенција од МВР, со оглед на тоа што како што велат, садниците се од сопствено производство со препознатлива и карактеристична вегетација и колорит.