Зголемен бројот на откуп и продажба на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во април 2014 година изнесува 765 011 илјади денари што претставува зголемување за 10.5% во споредба со април 2013 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 9.9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 11.1%.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај: индустриските, градинарските растенија, добитокот и млекото, додека намалување се забележува кај: житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млечните производи и рибата.