Чаршијата разубавена со бели петунии

ЈП „Охридски Комуналец“ постави цветни саксии со бели висечки петунии на канделабрите во старата охридска чаршија.

За оваа намена претпријатието набави доволно саксии за да има по две на сите канделабри од фонтаната кај чинарот до чајџилниците на улица „Гоце Делчев“ и до крстосницата кај Охридска Банка.

Нови цветни насади со сардели денес беа засадувани и во парковите околу пристаништето.

cvekjina_carsija_400_1