Во просториите на Царинската управа, деновиве се одржа Донаторски координативен состанок. Состанокот претставуваше продолжение на воспоставената пракса на редовни средби со заинтересираните донатори, во склад со залагањето на Царинската управа странската помош да биде добро координирана и истата постојано да се надополнува, во интерес на царината и пошироката општествена заедница.
На состанокот присуствуваа претставници на меѓународни организации и институции, пред кои беа претставени тековните активности, проекти, како и досегашната реализација на странската помош.
Воедно, Царинската управа ги претстави идните краткорочни и среднорочни приоритети, во процесот на модернизација на царинското работење, заради можноста за финансирање на проекти од интерес за Царинската управа. Присутните претставници на меѓународните организации и институции го оценија состанокот како доста корисен и успешен и го посочија досегашниот напредок на Царинската управа како водечки помеѓу институциите во Република Македонија.
За време на состанокот, преку отворена дискусија, присутните ги разгледаа и ги поддржаа насоките за понатамошниот развој на евроинтегративните процеси и реформи во царинското работење.