По насилните протести во Сао Паоло, против одржување на Светското фудбалско првенство во Бразил, на ред е мирен протест од страна на проститутките. Тие ќе протестираат со голи гради со цел да добијат легализација на проституцијата и абортусот.
Ваквиот став на здружението на проститутките во Бразил е тоа што бројот на девојки кои се прехрнуваат со давање сексуални услуги пораснал за 30 отсто.
„Побарувачката за секс е поголема . Прво нешто што прават посетителите на првенството откако ќе се сместат во хотел е да земат девојка. Цените за време на Мундијалот пораснаа исто така за 30 отсто, но тоа не претставува проблем за богатите љубители на фудбалот”, изјави Марија Менезеш, претседателката на здружението на проститутки.
Извор: Нет Прес