Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2014 година изнесува 3.9%.
Во првото тримесечје од 2014 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите Ѓ- Градежништво од 13.7%; Ѕ+И+Љ- Финансиско посредување; Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности; Други комунални, општи и лични услужни активности (вклучени се и импутираните станарини)од 4.7% и Е-Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 3.3%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2.3%, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 81.4%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 9.8%.