Попладне повторно дожд, грмежи и град

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност со повеќе сонце во јужните делови од земјата. Попладне нестабилно, особено во северните и источните делови. На места со пороен дожд и  грмежи, а можна е и изолирана појава на град.

Ќе дува слаб југозападен, а на местата со пороен дожд повремено засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од 23 до 30 степени.

NevremeGrom1

Периодот на нестабилно време продолжува се до крајот на рабоната недела. Нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде претежно во поладневните часови.

Извор:  Нет Прес