Хортикултурно уредена улицата „АСНОМ“

Екипите на „Паркови и зеленило„ денес, извршија расчистување на левата и десната страна по ул. „АСНОМ“ , од пресекот со ул. „Кеј Маршал Тито“ до пресек со ул.„Карпош Војвода“, како и потегот на ул. „Булевар Туристика“ од бензиската пумпа до кружната сообраќајница.

„Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои го попречуваа движењето на пешаците.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму апелираат до Советите на станари и инвеститорите, самите тековно да ги одржуваат дворните површини .