Се известуваат економските оператори кои вршат увоз на нафтени деривати дека од 17.06.2014 година, нафтените деривати од тарифните броеви 2709, 2710 и 2711 увозно ќе се царинат во следните царински испостави:
– Скопје 2– 1015,
– Слободна зона Скопје – 1020,
– Делчево – 3030,
– Гевгелија – 4020,
– Струга – 5060,
– Скопје 4 – 1014 – за пратки во железнички сообраќај,
– Аеродром Скопје – 1050 и Аеродром Охрид – 5042 за пратки во воздушен сообраќај и
– Пошта Скопје – 1025 за пратки во поштенски сообраќај.
Нафтените деривати од тарифните броеви 2709, 2710 и 2711 може увозно да се царинат во друга царинска испостава доколку се користи поедноставена постапка (освен непотполна декларација) или постапка на царинско складирање.
Сите започнати царински постапки пред 17.06.2014 година може да завршат во царинските испостави каде што започнале.