Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра едукативна андроид апликација за паметни телефони и таблети за глобалниот бренд Дурекс.
Апликацијата ќе содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој ќе го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот Дурекс и ќе биде достапна за симнување на AppStore и Google Play на локално ниво.
Тимовите на студентите своите проекти ќе ги презентираат пред тимот на Дурекс, на 19-ти јуни (четврток), во амфитеатарот на Универзитетот.