Студенти од Св. Апостол Павле креираа едукативна мобилна апликација

Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра едукативна андроид апликација за паметни телефони и таблети за глобалниот бренд Дурекс. 

Апликацијата ќе содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој ќе го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот Дурекс и ќе биде достапна за симнување на AppStore и Google Play на локално ниво. 

Тимовите на студентите своите проекти ќе ги презентираат пред тимот на Дурекс, на 19-ти јуни (четврток), во амфитеатарот на Универзитетот.