Борче Маневски на печалба во Тајланд

Борче Маневски направи трансфер од Работнички во тајландскиот клуб Чаинат. Тој ќе биде третиот Македонец кој ќе игра во Тајланд, по Марио Ѓуровски (Муанг Тонг Јунајтед) и Дарко Тасевски (Бангкок Глас).

Маневски беше дел од репрезентацијата на пријателските натпревари против Камерун и Катар, а токму поради овој трансфер, селекторот Ѓуровски го ослободи од контролните натпревари кои нашата репрезентација ќе ги игра против Кина денес и на 22-ри јуни.

WebOhrid