Поради неплатен долг за Радиодифузна такса, Управата за јавни приходи отпочна со подготовка и дистрибуција на Опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање.
За 31.660 фирми (правни лица и вршители на дејност) доставени се опомени поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари.
Од следната седмица ќе отпочне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.
Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, Управата за јавни приходи ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот.
Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови.
Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати.