Екипи на општинските Јавни претпријатија во соработка со „Завод и музеј“ – Охрид и денеска работат на уредување на просторот пред летната сцена „Долни сарај“. Ѕидот на влезот од сцената е срушен и се работни на негово расчистување. По санација на проблемите кои постоеја со старата инсталација, ЈП „Нискоградба“ започна со подготовка на теренот за поплочување со бехатон плочки. Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ започна со расчистување на сметот и со подготовка на просторот за хортикултурно уредување.
Градежните активности забрзано продолжуваат и во наредните денови со цел сцената да биде уредена пред почетокот на Балканскиот фестивал.