Кривични пријави за две лица од Радолишта поради узурпација на недвижност

Полициската станица Струга поднесе две кривични пријави против В.Ф.(38) и Н.Ф.(39), двајцата од с.Радолишта, струшко, за сторено по едно кривично дело „узурпација на недвижност“. Пријавените, во текот на 2013 и 2014 година во Струга на брегот на Охридското езеро во непосредна близина на ракометното игралиште, каде истите поседувале земјиште дел од крабрежјето, во државна сопственост со неутврдена квадратура, каде расте трска го насипале со земјиште и го оспособиле за плажа.