Мандатарот на новата Влада Никола Груевски во вчерашното експозе изрази уверување дека пратениците од опозициската СДСМ и коалицијата кои не ги имаат прифатено пратеничките мандати наскоро ќе се вратат во Собранието на Република Македонија и ќе ја извршуваат функцијата за која ја добиле довербата од граѓаните.
Тој им го честита изборот на сите пратеници и им порача дека од нив, како коректив на Владата, во голема мерка зависи успехот на Македонија и оти со искрен пристап кон работата, заеднички ќе може да се оправда довербата што јa добиле од граѓаните.
„Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои заради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денескa да не следат преку медиумите, и за кои верувам набрзо ќе се вратат во оваа сала, за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месецa“, рече Груевски во експозето.