Искористување на здравствената услуга за Бимедицинско Потмогнато Оплодување (БПО) на товар на ФЗОМ заклучно со април 2014

Избраниот лекар – гинеколог, од приложената документација, потврдува дека кај осигуреното лице постојат медицински индикации (согласно Правилникот за критериумите за склучување договори и постапка за остварување на правото и начинот на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита) и предлага започнување на БПО  постапка. 

Во прилог на Предлогот се доставува целокупната потребна медицинска документација, во оригинал со докази за валидност (потпис, печат и факсимил од медицинско лице и здравствена установа). 

Преглед на барања на БПО постапка терет на ФЗОМ 

Потребно е матичните гинеколози внимателно ги следат пациентите кои се обидуват да остварат правото за БПО, за да се намали бројот на случаи кои се враќаат за дополнителна медицинска документација. Ова е со цел осигуреничките навремено да го добијат ваучерот со кој им е овозможено да запопочнат со постапката за БПО во една од седумте здравствени установи со кои ФЗОМ има склучено договор за услугата БПО. Истовремено, ФЗОМ планира едукативни работилници за матичните гинеколози за постапката и документацијата за да го оствари правото на БПО на товар на ФЗОМ. 

Потребна медицинска документација која треба да ја подготви избран лекар-гинеколог: 

-Медицинска документација дека се извршени една или повеќе од следните методи: ХСГ и/или лапараскопија и хистероскопија, и/или лапаротомијаЕхографски преглед со морфологија на матка и јајници 

– Кај азооспермија за утврдување на неплодност, покрај биопсија на тестис задолжителен е и патохистолошки наод 

-Документи за направени две или повеќе анализи на спермата со најмаку еден месец разлика меѓу нив во повеќе од една здравствена установа, која има дозвола од Министерството за здравство за вршење на таа дејност, а последната анализа да не е извршена пред повеќе од една година пред поднесувањето на барањето (кај машки фактор на стерилитет да се достават покрај задолжителните и постарите спермограми); 

-Податоци за неплодност за период од најмалку три години, лекувана со конвенционални методи, со реализирани најмалку четири циклуси на интраутерална инсеминација (IUI) со пауза од два циклуса помеѓу секоја инсеминација 

– Резултати од извршена анализа на хормонален статус на трети ден од циклус : FSH, LH, PRL, E2, TSH (не постари од шест месеци) 

 – PAP skrining (не постар од една година доколку бил уреден) 

 – Микробиолошки брисеви од вагина и цервикс (Ureaplasma, Mycoplasma и Chlamidia trachomatis) не постари од шест месеци 

– Маркери за Hepatit B i C, HIV за двајцата брачни партнери (не постари од шест 

месеци) 

– Крвна слика, гликемија, седиментација (не постари од шест месеци) 

-Друга медицинска документација во зависност од здравствениот статус на брачниот пар (извршени дијагностички или оперативни интервенции во врска со стерилитет, извршени инсеминации, извршени ин витро фертилизации, останати заболувања, терапија и мислење од специјалисти, останато). 

-За второ дете отпусно писмо и извод од матична книга на родени за детето, постаро од 18 месеци за првото породување со живородено дете. 

Сите потребни обрасци, упатството за начинот на остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ и сите други информации се објавени на ВЕБ страната на ФЗОМ www.fzo.org.mk.