Пред – Мониторинг мисија за новиот компјутеризиран транзитен систем

Во просториите на Царинска управа во период од 18 – 19 јуни 2014 година, се одржа пред – мониторинг мисија на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС). На истиот присуствуваа експерти од Европската комисија – DG TAXUD и Делегацијата на Европска унија во Република Македонија.

Пред експертите беа одржани презентации од проектниот тим на НКТС, при што претставен беше напредокот на системот од почетокот на неговата имплементација на национално ниво до сега. Беа остварени посети на граничниот премин Табановце и царинската испостава Скопје 1 каде практично беше прикажано започнување и завршување на транзитна постапка и придобивките од употребата на системот.
 
Воведувањето и употребата на НКТС на национално ниво претставува важен чекор за Република Македонија, со што се создадени услови за започнување на процедура за поврзување со електронскиот царински систем на Европската унија пред добивање на статусот полноправна членка на ЕУ. По завршувањето на мисијата експертите од Европската комисија ја оценија досегашната примена на НКТС како задоволителна без посериозни забелешки. Најавена е мониторинг мисија која би се случила при крајот од 2014 година.п