Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2013 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 1 275 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 247 објекти за домување1) (19.4%), 174 доградби, надградби и адаптации (13.6%), 108 деловни објекти (8.5%), 100 гаражи (7.8%), 201 огради (15.8%), 13 скалила (1.0%), 58 тераси (4.5%), 11 летни тераси (0.9%), 105 настрешници (8.2%), 126 времени објекти (9.9%) и 132 помошни објекти (10.4%).
Најголем број бесправно изградени објекти (98.3%) се во приватна сопственост.