Календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денеска 21 јуни календарски започнува летото и ќе трае до 22 септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата.

Летото почнува во 12:51 часот, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка.

За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, со температура до 22 Целзусови степени.

WebOhrid