Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов присуствуваше на одбележувањето на Денот на СОС детските села при што му беше врачено признание за досегашната поддршка за СОС Детско село Македонија.
Заблагодарувајќи се за добиеното признание, министерот Спасов рече дека истото е потврда за заложбите што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика во однос на децата без родители и родителска грижа.
„Во последниве неколку години во Република Македонија интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита која се применува долг период на нашите простори”, рече министерот Спасов.
Тој истакна дека Министерството за труд и социјална политика приватната установа СОС Детско село во 2013 година потпиша меморандум за соработка со кој дополнително ја заврстија соработката и се зголеми подршката.
Министерот во оваа прилика го најави проектот за зголемување на бројот на згрижувачките семејства во Република Македонија како и започнување на Кампања ”На секое дете му е потребно семејство,,.
„Со овој проект предвидуваме популаризација на згрижувачкото семејство, широки промотивни активности на центрите за социјална работа и на Министерството, целосна медиумска кампања, преку кои сакаме да ги информираме граѓните во што е можно поголем, за придобивките, важноста и хуманата димензија и мисија на згрижувачките семејства”, рече Спасов.
Денес во Република Македонија има 180 згрижувачки семејства во којшто се згрижени 288 деца без родители и без родителска грижа, при што покрај зголемувањето на бројот на згрижувачки семејства планирано е и зголемување на паричниот надоместок за 25 % за овие семејства почнувајќи од јуни 2015 година.
Спасов нагласи дека за сите деца коишто до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, преземени се низа на мерки за нивно социјално вклучување и материјално обезбедување како програмата за вработување Д 1О, еднократната парична помош, обезбеден е паричен надоместок за студирање, магистерки и докторски студии за лица кои имале статус на дете без родители или родителска грижа во износ од 12.000 денари, доколку користи социјален стан под закуп или 24.000 денари доколку не користи социјален стан под закуп, правото на социјално домување.
На крајот, министерот Спасов истакна дека Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика и натаму во прв план ќе ги имаат децата без родители и родителска грижа и дека државата е тука секогаш со своите мерки и активности да им помогне.