Постапувајќи по претходно изготвен План за давање асистенција на ЈУ „Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје“ – Скопје за сузбивање на социопатолошката појава питачење, Единицата за општ криминал – Одделение за малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Скопје, во текот на минатава недела ( од 12 до 19.06.) учествуваше при превземање на мерки и активности во објект „Цветан Димов“ – Сапунара, лоциран на бул.„Борис Трајковски“. При тоа, од страна на претставници на ЈУ „Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје“-Скопје дислоцирани се лица од Ромска националност кои биле населени во истиот и на затекнатите лица им е дадена можност самоволно да го напуштат објектот бидејќи поголемиот број од истите имале свои постоечки живеалишта, претежно во нас. Шутка, но и во други градови од Р.Македонија.
Исто така, во објектот пронајдени се деца од кои четири од нив се однесени на преглед во Детска Клиника – Педијатрија и по пружената потребна нега повторно се вратени кај мајката, додека пак шест деца со мајка со возило од ЈУ „Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје“ – Скопје“ се вратени во Валандово.
Од друга страна, во рамките на наведената акциска контрола, на раскрсниците во централното градско подрачје, при питачење затекнати се вкупно 12 (лица) од кои: три лица кои со себе ги носеле и нивните деца (Е.Е., В.С. и Б.Б. со матичен број на странец и со измината дозвола за престој). По документирање на целокупниот материјал против наведените лица ќе бидат поднесени кривични пријави за “запуштање и малтретирање на малолетно лице“ согласно чл.201 од КЗ на РМ. Исто така против затекнатите девет лица (Е.Н., Н.М., С.Е., А,Б., А.Р., Ф.Е., Ј.Н., Е.Н. и Б.Б. – повратник) ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка согласно чл.24 (питачење) од ЗППЈРМ.
Инаку, Е.Е. и Б.Б. се веќе познати сторители на кривични дела и тоа: против Е.Е. се поднесени 11 кривични пријави, за 11 кривични дела и тоа: четири за “запуштање и малтретирање на малолетно лице“; пет за “тешка кражба“ и две дела – “кражба“. За дел од нив од страна на надлежен суд изречени му се четири казни затвор и една мерка засилен надзор од социјален орган. Против Б.Б. се поднесени три кривични пријави за три кривични дела – “запуштање и малтретирање на малолетно лице“.