Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров денес постхумно додели признание за проф. д-р Зоран Тодоровски. Признанието се однесува на неговиот придонес во истражувањето на ликот и делото на Тодор Александров.
Признанието го прими Бојан Тодоровски кој изрази благодарност за ова внимание кое воедно многу им значи на семејството Тодоровски.
Извршниот директор на Фондацијата доц. д-р Никола Митровиќ Бабе истакна дека научниот придонес на прерано починатиот проф. д-р Зоран Тодоровски кој воедно беше и Директор на Државниот Архив на Република Македонија е многу голем во историската, историографската и архивистичката област во Република Македонија.
Беше потенцирано дека Фондацијата секогаш ќе се заложува за достоинствено одбележување и посветување на внимание на македонски дејци од различни научни сфери.