Во наредниот период започнува со одржување „УЧИЛИШНИОТ СПОРТСКИ КАМП 2014” кој е во организација на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Периодот на одржување на училишниот спортски камп е во две смени во Охрид и тоа од 23.06.2014 до 28.06.2014 и од 29.06.2014 до 04.07.2014 година.
Освен што ќе спортуваат, учениците ќе ги посетат и културните знаменитости на градот Охрид. На училишниот спортски камп ќе бидат застапени практични тренинзи но исто така и теоретски предавања, а ќе бидат збогатени и со учество на спортски ѕвезди кои ќе помогнат во реализација на активностите.Тие ќе бидат мотивирани од домашни спортски ѕвезди меѓу кои Пепи Манасков, Наумче Мојсоски, Зоран Бошковски, Марин Докузовски, Јошко Миленковски, Александра Војневска, Дејан Ангеловски и многу други. На кампот ќе се одржат и предавања поврзани со пороците и здравиот живот, антидопингот, исхраната, антидискриминацијата и фер-плејот и почитта за противникот.
Со овие превземени активности од страна на државните институции ќе се овозможат вистински предуслови за младите талентирани спортисти од училишните клупи да продолжат да се занимаваат професионално со спорт и во блиска иднина да го облечат жолто-црвениот дрес и да станат репрезентативци на Македонија.