Летово градежните активности од централните се селат на периферните улици

Поради  стартот на летната туристичка сезона  во месеците јули и август  ќе има прекин на  градежните активности и пополнување на ударните дупки низ  централните улици во Охрид. Во овој период активностите ќе се реализираат во периферните градски улици.

Деновиве Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид  работи на  пополнување на  ударните дупките на улицата „Момчило Јорданоски“ во близина на населбата Бараки и истата се очекува да заврши на крајот од оваа работна недела.

Во изминатиов период веќе се пополнети дупките на улиците: „Гоце Делчев“, кеј „Маршал Тито“, „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Абас Емин“, „Васил Стефоски“, „Аџи Мустафа“, „Бекир али Риза “, „7-ми Ноември“, „Питу Гули“, „Никола Петров- Русински“.

Со проектот  за пополнување на ударните дупки е  предвидено   асфалтен материјал да се стави на  површина од околу  1 500 квадрати.