По налог на Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец “ деновиве работат на средување на просторот кај Клучката во непосредна близина на влезот од Охрид. Се врши порамнување на теренот и косење на тревата .
По налог на Секторот за комунален развој, сообраќај и улици екипи на „Охридски комуналец“ вршат кастрење на дрвја покрај патот на потегот од Дрвара до Горна Порта. На овој простор се работи на санација на две борови дрва кои поради староста беа опасност за минувачите и жителите на Урбана заедница „Кошишта“ кои и беа иницијатори за преземање на оваа акција.