Уште не ни дојде умот (Црна точка на патот Охрид- Пештани кај плажата Атлантик)

Уште не се научивме! Уште не ни дојде умот! Уште колку сообраќајки треба да се направат на ова место, на овој чуден и непотребен превалец на патот Охрид – Пештани?! Уште колку жртви треба да земе оваа голема црна точка кај новата плажа Атлантик*?! Уште  колкумина  млади возачи и патници треба да  загинат и уште колку  споменици треба да  стојат речиси на патот (веднаш до коловозот!) на местото на несреќите  на ова  мошне прометно место кај Елешец?! И кој треба да реагира освен локалните жители од Елшани и Елешец и по некој од нас медиумите за да се санира овој пат, да се отстрани и овој непотребен превалец и да се прошири   овој магистраелн пат, особено  овде кај Елешец?!?!!?!

Претесен е патот , преопасен е превалецот кај Атлантик, а уште позбунувачки е и нејасно: кој дозволил да се стави ограда, метална ограда со метална врата  НА САМО  ПОЛОВИНА МЕТАР ОД КОЛОВОЗОТ(!!!!) која  психолошки ги “насочува возилата  да возат полево”, и кој уште дозволил  на местото на погибијата на  младите возачи  (искрено сочувсвуваме со семејствата!) да се  изгради  толку  воочливо и  деконцентрирачко  спомен -обележје ВЕДНАШ ДО КОЛОВОЗОТ(!) кое  може само да  ја  намали безбедноста и да ја зголеми опасноста од  нови несреќи?!

Време е да ни дојде умот и да помислиме и на сигурноста  на нашите возачи  и на нашите патници! Да ги отстраниме  сите  црни точки од нашите  патишта и  сите црни  и морбидни спомени при нашите патувања! За наше добро и за добро на  нашите идни генерации!

Нека биде ова апел  до надлежните  од  Македонија  Пат и до локалните и државни органи  да  преземат  мерки за поголема безбедност на сите нас – граѓаните  кои секојдневно  се среќаваме со вакви  црни точки  по патиштата  низ Македонија!

Напис и фото запис:  Дим Дон