На ден 28.06.2014 год.(сабота) ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ќе ја реализира последната акција за кабаст отпад во пролетниот циклус, а есенскиот циклус ќе започна во првата работна сабота во месец септември.
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 28 јуни (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.13 „Железничка“, У.З.14 „Радојца Новичиќ“ и У.З.15 „15-ти Корпус„ (населба „Црногорци„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.