Започнаа подготовките за третото издание на фестивалот „Фолк хит песна на летото“ 2014

Радио и Продукција Лав Охрид го распишуваат конкурсот за пријавување на авторски песни кои ќе влезат во избор за Фолк песна на фестивалот „Фолк хит песна на летото“2014, кој ќе се одржи на 13 Август на единствената сцена на Античкиот театар во Охрид.

Сите заинтересирани текстописци, автори музичари и изведувачи можат да се пријават со свои дела најкасно до 20.07 2014година.

Вашите дела треба да ги испратете на емаил: radiolavohrid@yaho.com.

Сите дела кои ќе бидат прифатени од организаторот на фестивалот ќе бидат опфатени во понатамошна постапка и за сите нив од страна на организаторот ќе бидат направени договори за да истите бидат користени на фестивалот и останат во сопственост на продукција Лав.

Контакт телефони : +38946256234 ,моб:+38971505094 и +38972577554.