Соглaсно член 20 од Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 92/07, 161/09 , 17/11 54/11, 13/13 163/13 и 38/14) и член 7 од Правилникот за должностите одговорностите и стручното оспособување на возачите за превоз на опасни материи, поблиските услови на правните лица кои вршат стручно оспособување и содржината и формата на образецот на сертификатот и уверението за стручно оспособување на возачите (Службен весник на Република Македонија бр.10/08 и 19/13), Министерството за транспорт и врски Ве известува дека полагањeто на испитот за стручна оспособеност на возачите за превоз на опасни материи (ADR) ќе се одржи во 17 часот во понеделник на: 07.07, 14.07 и 21.07.2014 година и во среда на 20.08. и 27.08 2014 година.
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Министерството за транспорт и врски најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.
За сите дополнителни информации можете да контактирате на телефон 3145 844 или 3145 841.