Градоначалникот Бакрачески и министерот Мисајловски на увид кај реките Сатеска и Рибница

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиноски, со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска беа на терен кај Технолошко Индустриската развојна зона- Струга.

Целта на посетата беше да се констатира во каква состојба се коритата на реките Рибница и Сатеска при што беше заклучено дека неопходно е чистење и пробивање на речните канали со цел да не се повторат поплавите кои на опфатот ТИРЗ –Струга беа карактеристични пред неколку месеци.

На средбата беа слушнати мислењата и на поедини локални земјоделци кои поседуваат земјишта околу двете реки во врска со обезбедување пат за пристап на механизацијата до потребните места за чистење.