Србија ќе произведува лешници за „Нутела“

Претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ разговарал со претставниците на компанијата Фереро за реализација на потпишаниот Меморандум за соработка кој Владата на Србија и компанијата Фереро го потпишале во февруари годинава, соопшти Канцеларијата на Владата на Србија, а пишува порталот Б92.

Со меморандумот е предвидено компанијата Фереро да основа Центар за произвидство на лешници, а во тек се интензивни разговори за реализација на овој проект.

Компанијата Фереро е најпознат италијански производител на чоколади и кондиторски производи, а воедно и водечка компанија од овој сектор во светот.

Фераро групацијата ја сочинуваат 73 компании со 20 производствени погони со повеќе од 30 илјади работници.

Извор: Нет Прес