Денес во Струга се одржа традиционалната веслачка регата „Струга Опен“. Учествуваа 48 натпреварувачи од клубовите „Југ“ од Охрид, „Црн Дрим“ од Струга, веслачката секција при колеџот „Јахја Кемал“- Струга, „Дебар“ од Дебар и од клубовите: „Тракија“ – Пловдив и „ЦСКА“ – Софија од Бугарија, како и „Зрењанин“ од Србија.
Реализирани беа трки во речиси сите категории и дисциплини каде најуспешни беа:
Скиф за пионери: Милана Атанасова од „Тракија“ – Пловдив.
Дубл за пионери: Викторија Постолоска и Ева Попоска од „Црн Дрим“ – Струга.
Дубл пионери: Ристо Малезан Радиќески од „Југ“ – Охрид.
Скиф Јуниори: Михаил Тасевски „Југ“ – Охрид.
Скиф Сениори: Кирил Миладинов „Црн Дрим“ – Струга.
Свеченото доделување на наградите беше во големиот амфитеатар на ПСУ „Јахја Кемал“ во Струга.