Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска, понеделник, ќе ги претстави краткорочната и долгорочната стратегија за развој на ИКТ индустријата во Република Македонија.
На настанот кој ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 11.30 часот, ќе учествуваат претставници на државните факултети и информатичките комори во Република Македонија.