Царинско куче откри шверцери на марихуана

На 30 јуни 2014 година царинските инспектори од Одделението за оперативни работи со помош на куче – трагач, при контрола на патничко моторно возило со босански регистарски ознаки пронајдоа и запленија околу 340 грама марихуана.

На 30 јули, околу 17:45 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка Шкода Октавија со босански регистарски ознаки, управувано од босански државјанин со иницијали Х.Ф., со кој патувал уште едно лице Д.С. исто така босански државјанин.  На прашање на царинските службеници, двете лица одговориле дека откако изнајмиле рент-а-кар возило, од Босна се упатиле кон Македонија и неколку дена туристички престојувале во државата. Возилото е селектирано за контрола, со помош на царинско куче кое што при доближување кон задниот дел од возилото почнало да дава индикации дека внатре има нешто сомнително.

002(7)

По ова, веднаш е пристапено кон детална контрола и во фабричка шуплина на возилото, помеѓу задното лево крило и багажниот простор пронајдена е една опаковка обвиткана со најлонска фолија и прелепена со кафеава селотејп трака, наполнета со тревкаста непозната материја. На тестер за наркотици НИК утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана со тежина од околу 340 грама.

Со ова уште еднаш се потврди дека царинските кучиња се една од главните алки во борбата против недозволената трговија и дека и најмала количина дрога сокриена на било кое место може да биде пронајдена.

NAD AUSPUH1

Против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава до надлежниот суд, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.