Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да ја извести јавноста и своите осигуреници, дека поради замена на опремата за фиксна телефонија во периодот од 2 до 8 јули 2014 година нема да функционираат фиксните телефони во централата на ФЗОМ вклучително и бесплатната телефонска линија 0800 33222.
Во услови на нефункционирање на фиксната телефонија, осигурениците за остварување на правата од здравственото осигурување можат да се јавуваат на мобилниот телефон 076 339 180 или своите прашања да ги поставуваат на централниот мејл на Фондот за здравствено осигурување: info@fzo.org.mk.