(ЕП У20 жени) Македонија поразена 49-65 од силната Чешка

Иако добро го почнаа натпреварот, избраничките на Александар Домлевски тешко успеваа да се справат со силниот противник под кошевите и се успеаја да стигнат до четврта победа на Првенството. Добивајќи ја третата четвртина со 22-7, Чешка победи со 65-49.

Предводена од Митрашиновиќ која асистираше и Трајчевска која реализираше, Македонија играше одличен напад на почетокот од натпреварот, но и покрај тој добар старт, Чешка со двете тројки на Мирцова и Виоралова не дозволи резултатско одлепување. До крајот на четвртината Чешка успеа и да победе со 17-10, сепак неколку поени во серија на Митрашиновиќ ги звршија првите 10 минути со само два негатива за Македонија (18-16). За прв пат во втората четвртина Чешка победе и со двоцифрена разлика (31-21), сепак следуваа минути на Лефтерија Темелкова и неизвесното и генерално изедначено прво полувреме заврши со резултат 31-27 за Чешка. 

Третата четвртина беше клучна за конечниот исход, во која покрај тоа што Чешка играше одлично во нападот, нашите кошаркарки имаа проблеми со реализацијата. Чешка направи серија од 16-0 на почетокот на третиот период и стигна до предност која знаеше како да ја задржи до крај. Воспостави играчка рамнотежа нашата репрезентација во продолжението, но освен тоа што на момент се доближивме до 11 негатива (55-44), не добивме посериозна можност за евентуален пресврт. Во рутинската завршница, Чешка победи со конечни 65-49.

Анџелика Митрашиновиќ беше најефикасна во нашиот тим со нов одличен сестран учинок од 14 поени, 10 скокови, 6 украдени топки и 5 асистенции. Нена Трајчевска додаде 10 поени, Темелкова постигна 8, Александра Стојановска го заврши натпреварот со 7 поени и 9 скокови, а уште во листата на стрелци се запишаа и Софија Лазареска со 6 поени и Ивона Пејковска со 4 поени. Кај Чешка, која користејќи ја висината ја доби битката во скокот (51-36), најдобар поединец беше Саторанска со 18 поени и 12 скокови.

Со ова Чешка го осигура својот пласман во А-дивизијата, додека Македонија сега со три победи и три порази ќе има тешка задача да стигне до некое од првите три места. Сепак, останува да се чека разврската на другите натпревари од денот (Летонија – Португалија и Белгија – Романија), како и последните две средби кои нашата репрезентација ќе ги одигра во сабота и недела. Утре од 12:45 часот се среќаваме со Летонија.